Home Спорт Чави објасни зошто ќе навива за Јувентус во финалето!

Чави објасни зошто ќе навива за Јувентус во финалето!

Легендата на Барселона и шпанскиот фудбал, Чави Ернандез даде свое видување за престојното финале во ЛШ и откри за кого ќе навива.

Во овогодинешното финале во Лигата на шампионите силите ќе ги одмерат Јувентус и Реал Мадрид, па Чави како и секогаш отворено призна за кого ќе навива.

Иако има многу пријатели во тимот на „кралевите“ Чави потврди дека ќе навива за „старата дама“, а како причина го наведе Џанлуиџи Буфон.

„Мислам дека Јувентус ќе ја освои ЛШ, и сакам тоа да го направат за Буфон. Ќе навивам за нив ќе биде прва титула за Буфон во ЛШ. Финалето е секогаш 50/50, ама сакам Јуве да слави за Џиџи“, изјави легендарниот Чави.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…