Централен митинг на СДСМ во Скопје, ДПМНЕ митингуваше во Струмица


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Овие избори не се на ВМРО или на СДСМ, овие избори се за вас, за вашите деца, внуци. Ова или – или не е обично, тоа значи пропаст ли живот. Ве повикувам, заедно да донесеме живот во Македонија, рече Заев на денешниот централен митинг на Коалцијата За живот во Македонија која ја предводи неговата партија СДСМ.

Тој во своето обраќање потенцираше дека одговорноста на граѓаните на претстојните избори е многу големабидејќи станува збор за иднината на државата.

Добивате шанса да изберете каква иднина сакате, 11 декември е глас за сопствената иднина, порача Заев.

Носителот на изборната листа во првата изборна единица, Стево Пендаровски, порача дека е убеден во победата.

Ние победуваме, кон победата може да не скрши само криминалот. Само СДСМ и Коалицијата може да донесе нова праведна Македонија. Јунаци, мој народе газиме на 11 за Република Македонија, победуваме убедливо, порача тој.

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За Подобра Македонија вчера одржа два митинга. Едниот во Радовиш во 17 и 30 часот и вториот митинг во 20 часот во Струмица.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кој воедно е и носител на листата во четвртата изборна единица денес е во родното место на Заев.

Две ипол години политичка криза која ја создадоа вештачки заради некои фантоми кои испадна дека воопшто не ни постојат, две и пол години обиди за закрвување на народот и поделби, конфликтност која се пренесуваше секаде низ државата, две и пол години деструкција и хаос ќе завршат со овие избори на 11 декември. Кризата полека се движи кон својот крај, но нејзиниот крај ќе биде конечен само ако победата е убедлива и со 63 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија. Така ќе се запре кризата и ќе се стави крај на планот за мрачни сценарија по однос на нашата држава, рече Груевски.