Кубанската вакцина „Абдала“ против Ковид-19 покажува ефикасност од 92,28 отсто, соопшти кубанската лабораторија што ги врши клиничките испитувања. Сепак, пренесува АФП, не е прецизирано дали овој процент на ефикасност се однесува на заштитата од инфекција, болест или смрт. Информацијата на Твитер ја објави лабораторијата „Био Куба фарма“ и наведува ека овој процент на ефикасност се постигнува по три примени дози. …