Вевчани од вчера вечерта почна да пулсира и да живее во знакот на карневалскиот хумор, сатирата, но и отворената критика кон негативното во секојдневието, кон општеството, светот, сето тоа изразено низ колоритните најразлични маски што ќе бидат дел од годинашното издание на познатиот Вевчански карневал. Цела година луцидните вевчанци ги изработуваат своите маски што традиционално ги презентираат на 13 јануари, …