Утре во Москва средба на Меркел и Путин


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Германската канцеларка Ангела Меркел утре, сабота, ќе отпатува за Москва, каде ќе оствари средба со рускиот претседател Владимир Путин. Разговорот меѓу Меркел и Путин, најверојатно, ќе се фокусира на иранската криза, при што Германија и Русија упатија повик за деескалација до Вашингтон и Техеран, пренесува Глас на Америка.

Владимир Путин во вторникот оствари ретко патување во Сирија – што е неговата втора посета откако Русија интервенираше во 2015 година за да му помогне на претседателот Башар ал Асад во граѓанската војна во земјата.

Русија се обидува да спречи појава на нов конфликт во Иран, вели аналитичарот Ендру Фоксал.

„За претседателот Путин, Иран е можност тој да се претстави како миротворец. Во таа смисла неговите интереси се усогласени со канцеларката Меркел бидејќи двајцата веруваат во Иранскиот нуклеарен договор и преферираат дебата наместо конфронтација во конфликтот меѓу Техеран и Вашингтон“, вели Фоксал.

Европа и Русија се обидуваат да го одржат во живот нуклеарниот договор од 2015 година, додека САД смеаат дека тој договор е мртов.

„Дојде време Велика Британија, Германија, Франција, Русија и Кина да ја препознаат оваа реалност. Тие сега мора да се повлечат од остатоците од иранскиот договор“, вели американскиот претседател Доналд Трамп.

За претседателот Путин, Иран е можност тој да се претстави како миротворец.
Ендру Фоксал, аналитичар

САД и Германија, исто така, не се согласуваат околу гасоводот „Северен тек“ 2 кој што е во процес на изградба од Русија до Германија. Вашингтон воведе санкции за вклучените компании.

Поранешниот американски секретар за енергетика Рик Пери ја повтори својата загриженост за време на посетата на Литванија во октомври.

„Северен тек 2 е дизајниран од еден извор на гас да ги придвижува артериите длабоко во Европа во срцето на европската стабилност и безбедност“, рече тој.

Украина – традиционалниот центар за транзит на рускиот гас во Европа – ризикува да изгуби вредни надоместоци за транзит.

„Она што Русија го бараше во изминатите неколку години, ако не и подолго, е да се вметне клин во трансатлантските односи со користење, давање или преземање на која било алатка или инструмент што може да го идентификува – а Северен тек 2 ѝ обезбедува на Русија токму таков вид алатка. За Северен тек 2 несомнено ќе се дискутира во Москва и ќе се обезбеди можност Меркел и Путин да се посветат на проектот и повторно да тврдат дека тоа не ја поткопува европската енергетска безбедност “, вели Фоксал.

ЕУ воведе санкции кон Русија по анексијата на Крим во 2014 година и инвазијата на источна Украина. Некои европски држави – вклучително и Италија и Унгарија – вршат притисок за ставање крај на санкциите.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, има нов пристап кон Москва – се согласи на серија размени на затвореници. Германската канцеларка Ангела Меркел понуди силна поддршка.

Со оглед на актуелните тензии, поголеми од кое било време од Студената војна па досега, нејзината средба со Владимир Путин внимателно ќе биде следена заради какво било навестување за промена во односите Исток-Запад.