Емил Јакимовски, лицето кое ширеше закани и говор на омраза отпуштен од Централен регистарт


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Емил Јакимовски, лицето кое на социјалните мрежи упатуваше директни закани и навредливи содржини до градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев, и на други лица, е отпуштен од работното место во Централниот регистар.

Директорот на Централен регистар, Марија Бошковска Јанковски донела Решение за престанок на работниот однос на лицето Емил Јакимовски поради суштествени повреди на одредбите од Колективниот договор на Централниот регистар, дознава ТВ21.

„Имено Емил Јакимовски ги повредил и прекршил одредбите од неговиот Договорот за вработување според кои иако вработениот задолжително треба да го чува, сепак не го чувал угледот на работодавачот и не се воздржувал од сите постапки кои со оглед на природата на работата што ја врши се штетни или ги повредуваат интересите на работодавачот, професионално не се однесувал спрема другите вработени и странките, не ја респектирал хиерархијата и не се однесувал согласно Кодексот на однесување на работодавачот и пропишаните правила за ред и дисциплина кај работодавачот“, информираат од Централен регистар за ТВ21.

По заканите кон новинарката Мери Јордановска, но и кон вработени и директорката на Централниот регистар, Марија Бошковска-Јанковски, Хелсиншкиот комитет за човекови права бара да се активира условната казна што ја имал Емил Јакимовски.

Директорката на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска во изјава за Телма, вели дека поднеле пријава во Министерството за внатрешни работи против Јакимовски за загрозување на сигурноста и и очекуваат да му биде активирана условната казна и да заврши во затвор.

Од Обвинителството пак очекуваат до нив да пристигне кривична пријава за да почнат со истражување. Објаснуваат дека е неопходно за ваков случај да има пријава и да ја добијат приватната комуникација мегу заканувачот и жртвата.