Бурниот живот на Кристиано Роналдо: „Раскинавме бидејќи сакаше проститутки“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кристиано Роналдо веќе десет години е една од најголемите светски ѕвезди во секаков поглед. Иако беше прилично неугледен кога отиде да игра во Манчестер Јунајтед, многу брзо грдото пајче се претвори во лебед и почна да ги заведува сите жени кои му се најдуваат на животниот пат.

Овие денови светските медиуми вријат од изјавите и обвинувањата на Американката која го тужи Роналдо дека во 2009 година ја силувал во хотел во Лас Вегас. Наводно тоа се случило откако Роналдо премина од Манчестер Јунајтед во Реал Мадрид и со тоа ги разочара сите негови обожавателки од Велика Британија.

Една од неговите девојки со која се забавуваше токму таа 2009 година беше Гема Аткинсон. Бујната блондинка во едно интервју раскажа дека првиот состанок со Роналдо бил необичен и дека биле кај неа дома, пиеле чај и гледале „Only Fools and Horses“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gemma Atkinson (@glouiseatkinson) on

Како причина за раскинувањето со Роналдо Гема ги наведе зачестените медиумски написи за тоа дека Кристиано обожава често да посетува проститутки.

Пред Гема, јавноста ја следеше возбудливата врска меѓу Роналдо и Нереида Гаљардо, која обожава се фотографира гола. Роналдо после неколкумесечна врска ја „корпоса“ преку СМС, но Нереида многумина добро ја паметат во морето бивши девојки на познатиот фудбалер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nereida Gallardo (@nereidagallardo) on

После Гема и Нереида, Роналдо наводно ги завел Парис Хилтон и Ким Кардашиан. Овие врски никогаш не беа потврдени, а после безброј љубовни врски и авантури, изгледаше дека славниот фудбалер конечно го смири љубовниот живот со руската убавица Ирина Шајк, со која почна да живее заедно кога се роди неговиот прв син Кристиано Роналдо Јуниор. Парот пет години помина во врска која се распадна прилично мирно, а Ирина раскажуваше дека славниот фудбалер постојано ја нарушувал нејзината самодоверба.

Со тек на време, децата за Роналдо станаа поинтересна тема отколку девојките. Трите деца кои Кристиано ги доби од сурогат мајки чиј идентитет никогаш не беше откриен во јавноста ја иницираше дилемата и дискусијата зошто еден од најпосакуваните мажи на светот не сака да добие дете со жена која ја сака.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) on

Но, ете и тоа се случи. Моментално е во врска со 23-годишната Георгина Родригез, кој пред неколку месеци му ја роди ќерката Алана Мартина.