Бугарија од денес со нов режим за влез на странци во државата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од денес, 1 јули, Бугарија воведува нов режим за влез на странци во државата. При тоа, земјите ќе бидат поделени на црвена, портокалова и зелена зона во зависност од развојот на пандемијата во нив. Тоа беше обелоденето денеска од техничкиот министер за здравство Стојчо Кацаров.

Тој објасни дека одлуката во која зона ќе бидат државите ќе биде донесена врз основа на бројот на пациенти и процентот на позитивните тестови во нив. За бугарските власти државите ќе бидат во – Зелена зона, Портокалова зона, Црвена зона.

Списокот на земји по зони на бои се утврдува врз основа на објавени информации од Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) – за земјите-членки на Европската унија и Европската економска област (ЕУ и ЕЕА), СЗО и Центарот за контрола на болести – Атланта, САД .

За државите од каде нема податоци или недоследност во податоците, официјалните ќе се добиваат преку податоците објавени на веб-страниците на националните здравствени власти.

Списокот ќе се анализира најмалку еднаш неделно и ќе се ажурира во понеделник, а доколку е потребно, и почесто ако се влоши состојбата со епидемијата во државата.

– Луѓето кои се од ржавите во Зелената зона влегуваат со најлесен режим, во Портокаловата зона имаат малку построг режим, па дури и да имаат сертификат, некои од луѓето, по случаен избор, ќе се вршат дополнителни тестови. А, оние што се во црвената зона нема да им се дозволи влез во Бугарија, објасни Кацаров.