Почина Доналд Рамсфелд – идеолошкиот креатор на војните против Ирак и Авганистан


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На 88-годишна возраст, во САД, почина поранешниот американски министер за одбрана, Доналд Рамсфелд.

„Со голема тага објавуваме дека почина Доналд Рамсфелд, американски државник и верен сопруг, татко, дедо и прадедо. Замина во 88 година опкружен со семејството во својот сакан Таос во Ново Мексико“, се наведува во краткото соопштение на семејството.

Рамсфелд од 1973 до 1974 служеше како американски претставник во НАТО, а од 1974 до 1975 беше шеф на кабинетот на претседателот Џералд Форд.

Како министер за одбрана првпат служеше за време на администрацијата на Форд, од 1975 до 1977, а втор пат таа функција ја вршеше за време на Џорџ В. Буш, меѓу 2001 и 2006 година.

За време на својот втор мандат Рамсфелд беше една од клучните личности во планирањето и спроведувањето на инвазиите на Авганистан и Ирак.