Брзаат да „остарат“: Народот полуде по FaceApp – апликацијата си има и мрачна страна


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Апликацијата FaceApp повторно стана вирален хит на социјалните мрежи, каде се споделуваат фотографии од нивните корисници на кои апликацијата ги прикажува во неверојатно реално „остарено“ издание (или „подмладено“).

Сепак, покрај добрата забава изгледа дека оваа апликација има своја сериозна мрачна страна. Џошуа Нози забележал нешто крајно необично кога за првпат ја активирал оваа апликација.

Еднаш кога ѝ дал дозвола да пристапи на неговите фотографии, апликацијата почнала пополека систематски да ги прелистува неговите фотки по ред.

Во тој момент тој веднаш активирал Airplane Mode на својот телефон и сите фотографии во истиот момент се појавиле.

Меѓутоа, „FaceApp“ не му дозволила да избере фотографија која тој сака затоа што во тој момент бил онлајн. Поради тоа Нози верува дека тоа е јасен знак дека „FaceApp“ ги прикачува вашите фотографии.

„Бидете внимателни со оваа апликација. Таа во истиот момент ги прикачува вашите фотографии без никакво известување, сакале вие или не“ – напишал на Твитер.

Самите правила на користење на апликацијата „FaceApp“ се нејасни и во нив стои дека ги “собира“ содржините како што се фотографии и други материјали кои ги споделувате преку неа.

Поради сето ова многу е важно да бидете внимателни со апликацијата „FaceApp“ која молскавично стана вирална.