Бруталната вистина за најбогатиот човек на светот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Новиот филм на Ридли Скот, All The Money In The World, ја раскажува приказната за киднапирањето на Џон Пол Гети III, внук на своевремено најбогатиот човек на светот, Пол Гети, кој одбил да плати откуп, па во коверт го добил пресеченото уво од својот внук.

Гети постариот пораснал на нафтените полиња од неговиот татко и веќе во своите дваесетти години го презел семејниот бизнис. До 25 години станал милионер и наскоро и најбогатиот човек на светот и историјата на човештвото (во тоа време). Се збогатил станувајќи сопственик на неколку нафтени компании кои ги обединил во Getty Oil.

Во 1949 година се фрлил на работа на Средниот Исток, купил земјиште во близина на границата меѓу Саудиска Арабија и Кувај, иако таму дотогаш немаше пронајдено нафта. Сепак, неговите инженери успеаја да ја пронајдат една од најбогатите природни залихи на нафта на светот и благодарение на тоа откритие, Гети стана милијардер.

Иако баснословно богат, Гети бил многу скржав човек. Парите ги криел по хуманитарни фондови за да не плаќа данок, а со своите пет сина немал некаков претерано близок однос. Неговиот син Џон Пол Гети практично не го ни поканил на свадба својот татко, иако се женел пет пати, сè додека не му „подарил“ внук, со кој стариот Гети станал близок. Тој внук бил Џон Пол Гети III.

После тоа, Гети стариот се согласил да го воведе синот во семејниот бизнис и да го постави на чело на италијанската подружница од компанијата. Со семејството се преселил во Рим, но немал некој претеран интерес за нафтениот бизнис. Во текот на патувањето во Мароко ја открил дрогата и станал зависник, после што го остава сопругата, а тој набрзо ја заменил со актерката Талита Пол. Во тоа време се дружел и со Мик Џегер.

Во Рим, во 1973 година, италијанските криминалци го киднапираа неговиот син Џон Пол Гети III. Тој во тоа време имаше 16 години и на почетокот семејството се сомневаше дека станува збор за киднапирање, бидјеќи Пол бил бунтовен како тинејџер, па знаел да се пошегува и да исценира лажно киднапирање за да извлече некој долар од деда си.

Меѓутоа, кога семејството сфатило дека 16-годишникот е навистина киднапиран, нештата почнале да стануваат сериозни. „Драга мамо, од понеделникот сум во рацете на киднаперите. Немој да дозволиш да ме убијат. Ако одолговлекувате, тоа може да биде опасно за мене. Со љубов, Пол“, пишувало во неговото прво писмо. Потоа стигнало и писмо во кое се бара откуп од 17 милиони долари. Иако родителите го преколнувале стариот Гети да го плати откупот, тој одбивал да го направи тоа. „Ако платам и едно пени, наскоро ќе имам 14 киднапирани внуци“, изјавил Гети на конференција за медиумите.

New York Times пишува дека мајката Гејл Харис очајно се обидувала да го спаси синот, разговарала со киднаперите по телефон и дури успеала да ја намали сумата која тие ја барале за откуп, но стариот Гети бил бескомпромисен. Иако се обидувала да им објасни на киднаперите дека таа нема пари (бидејќи во тоа време веќе била разведена од Гети помладиот), тие не верувале дека нафтениот могул ќе го остави на цедило својот внук со кој бил близок.

Vanity Fair пишува дека за време на заточеништвото младиот Пол се зближил со еден од киднаперите со псевдоним Чинкванто, кој не можел да сфати како еден толку богат човек не сака да плати за животот на својот внук. Наводно, во текот на еден разговор со Гејл тој рекол: „Ми кажувате дека најбогатиот човек во Америка не сака да плати за животот на својот внук? Госпоѓо, ме правите будала!“ Истиот тој киднапер подоцна, кога Пол се разболел, наводно ја побарал неговата мајка и барал совети како да го негуваат и да се грижат за него. Тоа е прикажано и во филмот на Ридли Скот.

Џон Пол Гети III бил држен во заточеништво цели четири месеци, а тогаш на адресата од еден дневен италијански весник стигнал коверт во кој било ставено парче од отсеченото уво на несреќниот тинејџер. Во тоа време бараната сума за откуп била 3,2 милиони долари, а увото било предупредување дека, ако не им ги исплатат парите, Пол ќе стигнува на делови. Гети стариот, најпосле, се согласил да плати 2,9 милиони долари. Најпрвин инсистирал на 2,2 милиони долари, бидејќи тоа била максималната сума која можела да помине без камата, но потоа на синот му го позајмил остатокот од парите до 2,9 милиони долари, но со 4% камата.

Во декември, истата година, Пол бил пронајден на една бензиска станица. Бил сиот со модрици и без уво. Се зборува дека се обидел да му се јави на дедо си по телефон и да му заблагодари што го платил откупот, но овој не сакал ни да му го чуе гласот. Девет луѓе после тоа биле уапсени, но поради недостаток на докази, повеќето од нив биле пуштени на слобода. Парите никогаш не биле пронајдени, а меѓу осомничените биле и членови на мафијата.

LONDON – SEPTEMBER 9: John Paul Getty III leaves the memorial mass held for Sir Paul Getty September 9, 2003 in Surrey. The American born ‘Philanthropist’ and the third of five sons of oil billionaire John Paul Getty died on April the 17 2003 of a chest infection. (Photo by Bruno Vincent/Getty Images)

Џон Пол Гети III никогаш не се опоравил од траумите кои ги преживела тогаш. Направил неколку пластични операции на увото, но набрзо почнал да се дрогира, па во раните 20-ти години од неговиот живот доживеал мозочен удар поради предозираност. Станал параплегичар и останал делумно слеп. Пред тоа се оженил и имал едно дете.

Почина во 2011 година. Неговиот дедо Пол умре во 1976 година во Велика Британија и беше погребан на имотот од семејната вила во Лос Анџелес. Во моментот на смртта на својата сметка имал околу 2 милијарди долари, што денес би биле еднакви на 8,5 милијарди долари. Најголем дел од богатството завршило во неговиот фонд кој моментално е најбогатата уметничка институција на светот.

Во филмот на Ридли Скот, Гети стариот требаше да го глуми Кевин Спејси, но после скандалите кои го затекнаа изминатиов период, Спејси беше отстранет од екипата, а него го замени Кристофер Пламер.