Бронза на Интернационалната јуниорска олимпијада по природни науки за средношколецот Даниел Христов од Штип


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Средношколецот Даниел Христов освои бронзен медал на Интернационалната јуниорска олимпијада по природни науки во Колумбија.

Даниел Христов од Штип освои трето место на престижната Интернационалната јуниорска олимпијада по природни науки (IJSO) во Богота, Колумбија, која се одржа во период од 2 до 12 декември, пренесува МИА.

Македонија ја претставуваа шест ученика: Даниел Христов од Штип, Теона Ана Георгиевска и Марко Серафимовски од Скопје, Искра Нечаковска и Олег Трајковски од Битола и Михаил Шапчески од Прилеп.

Учениците за олимпијадата ги подготвуваа Друштво на физичари на Република Македонија (ДФРМ), Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ) и Македонско биолошко друштво (МБД), два дена во неделата на ПМФ во Скопје. Исто така, децата беа придружувани со по еден водач од секое друштво. Даниел Христов беше единствениот претставник од Штип и источниот регион на оваа престижна Меѓународна олимпијада.

Даниел кој го освои бронзениот медал на Интернационалната јуниорска олимпијада по природни науки е прва година во гиманзијата „Славчо Стојменски“-Штип.