Home Актуелно Вторничка временска прогноза

Вторничка временска прогноза

Денешниот декемвриски вторник во Македонија ќе имаме променливо облачно и студено време, со сончеви периоди во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и студено со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 4 степени.

Под влијание на нов влажен бран утре ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег. На места, особено во западните делови, врнежите ќе бидат пообилни.

Од четврток температурата ќе биде во пораст, но ќе има услови за магла и значителна ниска облачност по котлините. Врнежи од дожд повторно се очекуваат во сабота.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…