Здравствени проблеми кои некогаш фаталната Џена Џејмисон ја приковале одреден период во инвалидска количка


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фаталната русокоса актерка од филмовите за возрасни, Џена Џејмисон, која со години ја будеше фантазијата на мажите ширум светот, особено во својот активен период од 1993. до 2010 г., била прикована за количка поради мистериозна болест.

Нејзината животна приказна привлече големо внимание во јавноста, а особено е интересен фактот дека Џена зад себе има неколку бракови.

Нејзиниот прв брак со колегата Бред Армстронг издржал само десет недели. Парот се раздели во 1997 година, но поради договорот работеле заедно до 2001 година, кога и официјално се разделија. Нејзиниот втор сопруг бил сопственик на едно порнографско студио, Џеј Грдин, а биле во брак од 2003 до 2006 година. Во тоа време, тој бил единствениот маж со кого ги снимала сцените, за време на тој брак дознала дека боледува од рак на кожата. Иако хируршки го отстраниле, Џена го пометнала нивното дете набргу откако ја дознала дијагнозата и не можела да забремени со него, а сиот тој стрес довел до развод.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jenna Jameson (@jennacantlose)

Џена, во 2006 година на популарниот „Мајспејс“, го запознала поранешниот „UFC“ борач, Тито Ортиз, со кого доби близнаци во 2009 година, но двојката раскина во 2013 година. Две години подоцна, таа запознала нов партнер, со кого исто така се омажила. Најголема поддршка за Џена во нејзината животна борба е секако Израелецот Лиор Битон, со кого во април 2017 година ја доби ќерката Бател Лу. Поради него станала Еврејка за да можат да се венчаат. Парот е заедно од 2015 година.

Во својата книга Џена открива дека на 16 години била жртва на групно силување, а наводно на истата возраст била силувана од вујкото на нејзиното момче. Сепак, тој негирал. Таа била зависна од разни опијати и долго време се лечела.

По раѓањето на децата, Џена многу се здебели, па деталите од процесот на слабеење ги споделуваше со своите придружници на социјалните мрежи. За време на третата бременост се здебелила дури 40 килограми. Но, таа набргу го врати првобитниот заводлив изглед. Меѓутоа, во еден момент таа повторно почнала да се дебелее, па повторно реши да го промени начинот на исхрана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jenna Jameson (@jennacantlose)

На почетокот на оваа година Џена минала низ вистински пекол. Имено, таа откри дека боледува од мистериозна болест, мускулите ѝ биле многу слаби што едвај одела, па извесно време користела инвалидска количка, а имала и период од две недели кога постојано повраќала. Поради ова, од јануари годинава деновите ги минува во болница, обидувајќи се да утврди што се случува со нејзиното тело. Џена направила и неколку магнетни резонанци, поради што морала да оди на интравенозно отстранување на метали од организмот. Но, анализите не ѝ помогнале да заздрави.

Таа има и когнитивни пречки и оди на терапија која е фокусирана на обновување на меморијата бидејќи нејзината краткотрајна меморија е многу слаба.

Многумина беа изненадени од прашањето кое ѝ беше поставено на социјалните мрежи. Еден од присутните ја прашал дали има ХИВ.

-Не. Ова е навистина случајно прашање, но не – јасно одговори Џена.

Нејзе, инаку, ѝ е утврден недостаток на тиамин (витамин Б1), супстанца која природно се наоѓа во храната и може да се зема во форма на суплементи, а игра витална улога во метаболитичките процеси, растот, развојот и функционирањето на клетките. Недостатокот на тиамин може да предизвика губење на тежината и меморијата, мускулна слабост, зголемено срце и многу други заболувања.