Home Вебкафе Британец заглавил во бунар на Бали – го спасиле после 6 дена

Британец заглавил во бунар на Бали – го спасиле после 6 дена

Спасувачите успеаја да го извлечат 29-годишниот Џејкоб Робертс од бунар длабок четири метри во оддалеченото место на Бали, каде што заглавил и останал заробен цели шест дена.

Британецот Робертс паднал во бунарот додека бегал од куче, за кое подоцна раскажал, го бркало низ селото. Неговите очајни повици за помош ги слушнал жител на селото Пецатуа, кој се нашол во близина додека пасел крави, изјави за АФП шефот на спасувачката екипа Геде Дармада.

Робертс ја скршил ногата кога паднал, но тој имал среќа што бунарот бил исполнет со мала количина вода, што можел да ја пие.

Во операцијата за спасување биле вклучени тројца спасувачи кои рекле дека Робертс изгледал измачен и слаб. Тој веднаш бил пренесен во најблиската болница.

Засега е непознато дали Британецот живее на Бали или останал таму како турист. Бали веќе два месеци е во карантин поради епидемијата на коронавирус.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Меѓу светлината на рефлекторите и темнината на болеста: Емилија Кларк како симбол на храброст

МЕЃУ СВЕТЛИНАТА НА РЕФЛЕКТОРИТЕ И ТЕМНИНАТА НА БОЛЕСТА: ЕМИЛИЈА КЛАРК КАКО СИМБОЛ НА ХРАБР…