Бекамови ќе пробиваат тунел под домот – потфатот чини 8 милиони евра


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Брачниот пар Дејвид и Викторија Бекам имаат намера да пробијат подземен тунел преку кој својата спална соба би ја поврзале со нивната гаража полна со луксузни автомобили.

Со тунелот Дејвид и Викторија би обезбедиле „своевиден план за бегство“ во случај да биде загрозена нивната безбедност.

Покрај тоа популарниот брачен пар од општинскиот совет побарал да им обезбеди „сигурна колиба“ односно место во кое би можеле да се сокријат по бегството од својата куќа.

Луксузниот дом на Бекамови кој е нивно „карантинско престојувалиште“ има и тениски терен, куќа на дрво и базен.

Предложениот проект вклучува и премин кој би бил изграден под куќата, со овој тунел спалната соба би се поврзала со гаражата, пренесува весникот „Експрес“ на основа на плановите кој ги имал на увид.

Во последните неколку месеци се случиле неколку грабежи во куќи на познати личности. Најпознат е случајот на грабеж на фудбалерот на Тотенхем Деле Али. Тој бил ограбен од страна на напаѓач вооружен со ноќ во својот дом во северен Лондон, поради што е разбирливо зошто семејството Бекам се грижи за својата безбедност и сигурност.