Home Вебкафе Британец со години „расфрла“ пари по улица – го бараат сите, па и полицијата

Британец со години „расфрла“ пари по улица – го бараат сите, па и полицијата

Британските полициски органи трагаат по мистериозниот доброчинител кој остава коверти полни со пари во една градска улица во малото место Блекхол Колијери на северот од земјата.

Непознатиот човек парите ги остава од 2014 година. На почетокот на оваа недела пронајден е коверт со 2.000 фунти. од почетокот на годинава тоа е четврта коверта, односно 13. во пет години.

Полицијата во рамки на истрагата зела и отисоци од прсти од банкнотите, но и покрај сите напори не можат да го откријат идентитетот на сопственикот на парите. Детектив Џон Форстер рече дека случајот останува мистерија.

„Ги поздравуваме сите информации кои ќе ни помогнат во расветлувањето на овој случај. Сè би можело да биде дело на филантроп“, рече и додаде дека им се заблагодарува на граѓаните кои ги пронашле парите.

Парите ќе останат во полициска станица 2 недели, а ако до тогаш сопственикот не се јави, ќе биде предаден на лицето кое го нашол ковертот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Како би изгледало ако жените имаа (перверзни) фори за мување?

Навикнати сме мажите да имаат смешни и понекогаш излитени фори за мување девојки, но како …