Брилијантна маска: „Типот“ на фотографијата е жена – дали ја препознавате?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кога во јавност протекоа фотографии од постариот актер Луц Еберсдорф кој наводно ја добил својата прва актерска улога во филмот Suspiria, јавноста беше збунета. Многумина се посомневаа дека под маската се крие Тилда Свинтон, која глуми во истоимениот филм како „непознат актер“.

Таа тие тврдења одлучно ги отфрли, а многумина поверуваа на тоа, убедени дека не може така добро да ја одглуми улогата со оглед на тоа дека е жена и нема осумдесет години.

Режисерот на филмот, Лука Гвадањино, напиша дека муабетот за тоа дека Тилда е Луц е лажна вест. Дури беше направена и страница посветена на Луц на Internet Movie Database, поради што многумина беа убедени дека тој е реална личност.

Но, вчера 57-годишната Тилда призна дека таа цело време го глуми  Луц Еберсдорф, односно неговиот лик на доктор Џозеф Клемперер во Suspiria.

Призна дека со часови ставала вештачки делови на телото за да биде што поубедлива, а меѓу нив бил и вештачки пенис.

„Морам да признаам дека ја презедов улогата само поради забава. Како што би рекла мојата баба, а тоа е и мое моето, за да не се досадувам“, одговори Тилда на прашањето од New York Times зошто се согласила да го глуми Луц.

Гвадањино, пак, тврди дека било клучно токму Тилда да го глуми Луц, односно Џозеф, бидејќи целиот филм се занимава со женски идентитет.

Откако минатата зима беше снимена на сетот како глуми постар маж, набрзина беше направена страница на IMDB според која единствената улога која ја добил Лувц Еберсдорф е оваа со Suspiria. Наводно е роден 15 февруари, 1936 година, во Минхен.

„Кога имал само две години, цело негово семејство побегнало од нацистичка Германија. Прво во Женева, а потоа во Лондон. Младоста ја поминал во Камбервел, а потоа во 1954 година се вратил во Минхен, каде студирал филозофија“, пишуваше во наводните податоци за Луц.

Истакнато е дека е член на театарската група „Piefke Versus“, иако Google не дава никакви резултати за истата. И покрај тоа, Луц „добил“ улога во Suspiria заедно со Тилда, но и Дакота Џонсон и Кло Грејс Морец.