Славни

Бредли Купер во друштво на 8 години повозрасна актерка

52-годишната актерка Лора Дерн во врска со нејзиниот однос со 44-годишниот тазе разведен Бредли Купер вели: „Ние сме многу добри, неверојатно добри пријатели. Како семејство сме”, во изјава за US Weekly.

Актерката додава и дека нивниот однос е платонски. Неодамна медиумите објавија фотографии на Лора, позната од серијата „Sweet Little Lies“ со свежо разведениот Купер додека ручаат во Њујорк и интимно разговараат.

Лора изјави и дека е сосема јасно што луѓето се заинтересирани дали тој има нова љубовна врска.

„Тој е одличен човек и еден од најдобрите пријатели на светот. Не изненадува што сите се толку љубопитни за неговиот живот кога е толку спектакуларен“.

Бредли ја прекина врската со рускиот супермодел Ирина Шајк (33) ова лето по четири години заеднички живот.

Сето тоа кулминираше кога манекенката се пресели од нивната заедничка куќа, вредна 25 милиони долари. Тие, наводно, веќе договориле заедничко старателство над ќерката Леа Де Син, Шејк Купер.

Љубовната криза се појави брзо по неговиот емотивен настап со Лејди Гага (33) на годинашниот Оскар. Во тоа време, многумина заклучија дека двајцата биле многу повеќе од пријатели.

Но, Лејди Гага, наводно, пронашла ново момче, а се шпекулира дека таа ја одбила улогата во „Guardians of the Galaxy 3“ каде требало да глуми љубовница на Купер.

Додека беа блиски, таа редовно велеше дека Бредли е најубавиот човек и пријател на светот.

Advertisements
To Top