Надлежните истражуваат случај со малолетна проституција во Штип


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Откако од медиумите беа пласирани наводи и сомнеж за вклученост на 14-годишното девојче од Штип во мрежа на малолетничка проституција во земјава и во една земја во странство, началникот на Одделението за информации од јавен карактер во МВР Сузана Праниќ, во изјава за МИА, кажа дека дека работат на случајот. Но, не откри никакви други детали во врска со овој случај, објаснувајќи дека тоа е во интерес на истрагата.

Официјалната изјава од МВР е дека тие во координација со Јавното обвинителство и во соработка со Министерството за труд и социјална политика работат на случајот.

Портпаролот на Министерството за труд и социјална политика Ирена Смиљанска ни одговори дека детето е на безбедно место.

Деталите за овој случај ќе следат откако надлежните институции ќе завршат со целосната истрага бидејќи, како што велат нивни претставници, во моментов сè е на ниво на шпекулации што можат да наштетат на истрагата.