Бред „фрлил око“ на машина вредна 20.000 долари


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Холивудската актерска легенда Бред Пит во вторникот беше фотографиран во Малибу од страна на папараците, како стои пред својата куќа во друштво на басистот од групата Ред Хот Чили Пеперс, Фли.

56-годишниот актер го разгледуваше мотоциклот BMW R-1250 со долгогодишниот пријател Фли. Мотоциклот на кој му се восхитува Бред Пит се продава за 20.000 долари со сите додатоци.

Бред Пит и Фли се пријатели уште од доцните 90-ти и честопати се дружеле во домот на Бред Пит во Лос Фелиз.

Двајцата имаат барем два заеднички интереси – дизајн на мебел и мотоцикли. Дополнително, нив ги поврзува уште една заедничка работа, односно личност: духовната исцелителка Сат Хари Калса. Бред и таа се виделе неколку пати заедно во градот, но се чини дека се само пријатели иако медиумите шпекулираат поинаку.