Бонучи: Размислував да се откажам од фудбалот!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Дефанзивецот на Јувентус, Леонардо Бонучи изјави дека размислував за прекин на фудбалската кариера со цел да се посвети на семејството и на болниот син.

29-годишниот стопер на „страта дама“ по завршувањето на Европското првенство го одложи враќањето во тимот, со цел да се посвети на својот син Матео кој мораше да оди на операција.

„Конечно дојде крај на нашиот страв кој траеше од јули. Матео постојано повторуваше дека е шампион и дека ја добил најважната битка“, раскажува Бонучи.

„За среќа сега е се во ред. Докторите на време ги дијагностицираа компликациите. Во тоа време јас само седев во ќош и го молев Бог за се да биде во ред. Размислував да го оставам фудбалот, не можев да се посветам на работата“, истакна Бонучи.

Бинучи сигурно за брзо нема да ги закачи „копачките на клин“ бидејќи неодамна потпиша нов договор со Јувентус до 2021 година.