Филм / ТВ

The Emoji Movie – анимираниот филм кој сите го мразат пред премиерата

The Emoji Movie e новиот анимиран филм кој е најавен како хит за следната 2017 година, чиј трејлер објавен неодамна, доживува исклучително лоши реакции осум месеци пред премиерата на цртаниот, кој премиерно ќе биде прикажан на 4 август.

Со оглед дека има нешто повеќе од осум месеци до премиерата, режисерот Тони Леондис и сценаристите Ерик Сигел и Мајк Вајт релативно рано наидуваат на лош прием кај обожавателите на седмата уметност. Причина за тоа? Општата идеја на филмот за емотиконите, икончињата кои ги имитираат емоциите во програмите и апликациите кои ги користиме за онлајн комуникација на социјалните мрежи.

Уште со првата најава во 2015 година, филмот наиде на остри критики, бидејќи беше перцепиран како промовирање на шаблонираната онлајн комуникација која „ги јаде новите генерации“.

Приказната го следи емотиконот Џин (Gene), кој не претставува никаква специфична и конкретна емоција. За да биде како и сите останати негови колеги, Џин се впушта во авантура за да ја добие едната и единствена емоција.

Гласовите во анимираниот филм, кој ќе биде продукција на Sony Pictures Animations, ги позајмуваат Т. Џ. Милер, Илан Глејзер, Џејмс Корден и други.

Advertisements
To Top