„Бомба“ од Шпанија: Мурињо се враќа во Реал Мадрид


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Угледниот шпански весник „АС“ утрово лансираше вистинска „бомба“ и тврди дека Жозе Мурињо е блиску до враќање на клупата на Реал Мадрид.

По ремито пред своите гледачи со Ваљадолид, медиумите повторно упатија остри критики кон фудбалерите на Реал Мадрид и најмногу кон тренерот Зинедин Зидан.

„Кралевите“ немаа добри подготовки, а Французинот се соочуваше со низа проблеми, а Флоентино Перез сигурно нема долго да ги толерира слабите резилтати.

Мадридскиот весник „АС“ пишува дека Жозе Мурињо чека смена на Зинедин Зидан за повторно да седне на столчето на Реал Мадрид.

Сега состојбата е променета, голем дел од акционерите предводени од Перез го гледаат Мурињо како спасител на „кралскиот“ клуб, човек кој ќе може да ја смири атмосферата во соблекувалната но и да донесе ред и мир во играта на теренот.

Во наредните два месеци Реал Мадрид ќе гостува и кај Атлетико и кај Барселона. По овие натпревари ќе се знае дали Зидан ќе го зачува местото или ќе биде заменет од Мурињо.