Home Спорт „Бомба“ од Островот: Ибра го напушта Јунајтед

„Бомба“ од Островот: Ибра го напушта Јунајтед

Англиските медиуми денес лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Златан Ибрахимовиќ може да го напушти „Олд Трафорд“ во зимскиот преоден рок.

Иако повреден Ибрахимовиќ минатото лето го продолжи договорот со „црвените ѓаволи“, се врати на терените пред време, но јасно е дека тој и Лукаку не можат да играат заедно.

На Швеѓанецот му се потребни повеќе минути на теренот за да ја врати формата, па размислува да ја промени средината во зимскиот преоден рок.

Според најновите информации, Ибра ќе се пресели во САД или во Кина, каде што е посакуван од тамошмите тимови, и на тој начин ќе извлече многу сериозна плата за себе.

Интерес за Ибрахимовиќ не недостасува, а со оглед на не толку високото ниво во двата шампионати, тој може да ја поврати формата по тешката повреда, тврдат англиските медиуми.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…