„Бомба“ од Италија: Интер го договорил трансферот на Милинковиќ-Савиќ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот спортски директор на „старата дама“ и архитект на овој Јувентус, Бепе Марота е пред промоција во Интер, а наводно веќе го договирил првиот трансфер.

Имено, „Кориере дела Сера“ тврди дека Марота веќе има усмен договор со Сергеј Милинковиќ- Савиќ и Србинот ќе биде првото големо засилување на Интер.

Марота сакаше ова лето да го донесе Милинковиќ-Савиќ во Јувентус, наводно веќе има договор со неговиот агент и ова лето ќе го донесе Србинот во Интер.

Лацио минатото лето за неговата слобода бараше 120 милиони евра, но јасно е дека ниту еден клуб не е спремен да ја плати таа сума.

Весникот тврди дека трансферот би требало да изнесува 80 милиони евра и со бонуси може да достигне до 100 милиони евра.