„Бомба“ од Апенините: Алегри во Интер, Зидан го презема Јувентус


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Алегри веќе донел конечна одлука, па Јувентус без разлика на исходот на сезоната ќе бара нов тренер на лето.

Имено, Макс Алегри според тврдењата на италијанските медиуми веќе го известил клубот дека неговиот циклус е завршен и дека по пет години ќе го напушти Торино.

Алегри освои четири двојни круни, играше две финалиња во Лигата на шампионите, на пат е кон ново Скудето, а останува да се види дали ќе успее да го елиминира Атлетико и да го продолжи патот во Европа.

Првата желба на „старата дама“ за клупата е Зинедин Зидан, па наводно „бјанконерите“ веќе започнале преговори со францускиот стратег.

Зидан моментално одмара од фудбалот и е без ангажман, но и тој исто така сака да го преземе кормилото на својот бивши клуб, па двете страни нема да имаат проблем да се договорат.

Сепак, главната вест која пристигнува денес од Италија е дека Макс Алегри нема долго да остане без работа и најверојатно на лето ќе го преземе кормилото на Интер.

Алегри е фаворит за наследник на Лучијано Спалети, а „Република“ открива дека имал тајна средба со Марота пред неколку дена во Милано.

Алегри сака да се врати во Милано, а посебно е заинтригиран од идејата после Милан и Јувентус, да освои Скудето и со третиот италијански гигант.