„Бомба“: Наташа Андонова потпиша за Барселона!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова која досега настапуваше за ПСЖ, е нов играч на Барселона.

Андонова не ја доби очекуваната минутажа во парискиот клуб и по пололовина година помината во Франција, одлучи кариерата да ја продолжи во каталонскиот гигант Барселона.

„Среќна сум што потпишав за Барселона, бидејќи се работи за еден од најдобрите клубови во светот. Сакам сè што е поврзано со овој клуб. Многу сум среќна, а ова е еден голем чекор во мојата кариера. Од тимот позната ми е Лине Родик, бидејќи заедно настапувавме во Розенгард. Знам сè за Барса и бев присутна на натпреварите на ПСЖ против екипата од Каталонија“ , изјави Андонова.