„Бомба“: Милан се договори со ѕвездата на Леверкузен!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Германскиот весник „Спорт Билд“ денес лансираше вистинска „бомба“ и тврди дека ѕвездата на Леверкузен, Хакан Чалканоглу е пред трансфер во Милан.

Милан е еден од најактивните клубови во летниот трансфер период, но до сега не беше поврзуван со турскиот репрезентативец, па поради тоа оваа вест е изненадувачка.

„Билд“, кој е секогаш добро информиран тврди дека „росонерите“ веќе имаат комплетен договор со Чалканоглу и сега преговораат со Леверкузен околу обештетувањето.

Весникот тврди дека трансферот би можел да биде комплетиран во следните денови за сума помеѓу 20 и 30 милиони евра.

23-годишниот плејмејкер е еден од најдобрите фудбалери во Бундес лигата, па сигурно ќе биде огромно засилување за „росонерите“ доколку пристигне на „Сан Сиро“.