БОМБА: Милан ја купува ѕвздата на Наполи за „смешни пари“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанските медиуми денес лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Милан работи на трансферот на Каљехон од Наполи.

Имено, „Спортмедиасет“ повикувајќи се на извори блиси до „росонерите“ пренесуваат дека Милан веќе стапил во контакт со агентот на Шпанецот.

Наводно и самиот фудбалер дал согласност за трансфер во Милано, а голема улога одиграл Пепе Реина кој од следната сезона ќе се пресели на „Сан Сиро“.

Медиумот открива дека Каљехон во договорот има откупна клаузула од само 20 милиони евра, која „росонерите“ се спремни веднаш да ја активираат.

Каљехон има договор со Наполи до 2020 година, а Милан му нуди тригодишен договор и значително поголема плата.

Медиумот тврди дека трансферот ќе биде официјализиран веднаш по завршувањето на сезоната.