БОМБА: Баерн Минхен го носи еден од најдобрите тренери од Премиер лигата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Англиските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и пренесуваат дека Баерн Минхен сака да го донесе тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино.

Јуп Хејнкес сигурно ќе го напушти Баерн на крајот на сезоната, па раководството на баварскиот гигант веќе е во потрага по тренер за следната сезона.

Иако како фаворит за тренерското столче важеше Томас Тухел, сепак последните информации гововат дека прв на листата желби е токму Маурисио Покетино.

Покетино веќе три сезони успешно го предводи Тотенхем и се етаблираше како еден од најдобрите тренери во Премиер лигата и Европа.

Иако има договор со „спарси“ до 2021 година, Баварците сакаат да го привлечат со тоа што му нудат поголема плата, но и конкурентен тим со кој ќе може да се бори за трофеи на сите фронтови.