Болт доби наследник: Бријана Листон е нова сензација од Јамајка


Роналдо нека се пази, Мароко гази - 19 ден ↓↓↓



Јусеин Болт го најави своето повлекување по Светското првенство во Лондон, но Јамајка има нова атлетска сензација, 12-годишната Бријана Листон.

Младата атлетичарка на националното првенство за помлади категории во Кингстон, победи во трката на 200 метри со резултат 23,72 секунди, што е за само две секунди побавно од актуелниот светски рекорд поставен во финалето на Олимписките игри во Сеул во 1988 година.

Рекордерка на 200 метри е Американката Флоренс Грифит-Џојнер, таа во Сеул на 29-годишна возраст трчаше 21,34 секунди.

„Пресреќна сум поради победата, но мислам дека можам да трчам уште побрзо“, изјави Листон, која победи и на трката на 100 метри со пречки со резултат 11,86 секунди.

Бријана Листон во Јамајка е прогласена за „чудо“ пред две годни, кога победи на трката на 300 метри со резултат 42,41, време кое за една секунда било пибрзо од она кое го постигнал најбрзиот во машката трка.

Тинејџерката Листон ја споредуваат со Болт, бидејќи тој вниманието на стручњаците го привлече на истото натпреварување. Болт е сопственик на осум олимписки медали, рекордер е на 100 и 200 метри, а на светските првенства има освоено 11 златни медали.