Болидот на Шумахер од 2001 година понуден на аукција


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Болидот на Ферари од 2001 година кој го управуваше Михаел Шумахер ќе биде понуден на аукција во Њујорк.

Како што пренесуваат американските медиуми, аукцијата во „Сотби“ ќе се одржи на 16 ноември, а организаторите веруваат дека болидот на легендарниот Германец ќе биде продаден за повеќе од четири милиони долари.

„Среќни сме што сме дел од прославата на 70-годишнината на Ферари. Подготвени сме да го понудиме болидот на Михаел Шумахер од 2001 година“, изјави шефот на аукцијата во Њујорк, Грегуар Бијо.

Шумахер во 2001 година ја освои четвртата шампионската титула во Формула 1. Подоцна Германецот уште трипати стана светски првак