Богатството на американските семејства достигна историски максимум – владата им ги наполни сметките со државни пари


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Благодарение на финансиски субвенции од страна на сојузната влада заради кризата која ја предизвика коронавирусот, богатството на американските домаќинства достигна историски максимум во второто тримесечје, откако нивните банкарски сметки беа наполнети со државни пари, покажува истражување кое го објави американската централна банка (Фед).

Вкупното богатство на американските домаќинства и непрофитни организации достигна речиси 119.000 милијарди долари во тримесечјето меѓу април и јуни, што е највисоко забележано ниво.

Тоа е малку повеќе од претходниот рекорд, од нешто над 118.000 милијарди долари, регистриран во последното тримесечје од 2019, кога економијата на САД беше на врвот, по десет години раст.

Меѓутоа пандемијата на коронавирусот која ја погоди земјата од март и ги примора властите да воведат мерки на изолација влијаеше богатството на домаќинствата да падне на 111.000 милијарди долари во првото тримесечје оваа година.

Како последица на тоа долгот на американските домаќинства побавно растеше меѓу април и јуни, 0,5 отсто на годишно ниво, отколку меѓу јануари и март, кога порасна за 3,8 отсто.

Ситуацијата би можела да биде помалку розева во третиот квартал. Финансиите на Американците се влошуваат бидејќи чековите за помош веќе се исплатени, некои невработени немаат повеќе право на надомест за невработенст по шест месеци непрекината помош, а милиони луѓе сѐ уште не нашле работа.

Белата куќа и членовите на Конгресот ои веќе два месеци расправаат за оваа тема не успеваат да се сложат околу нов план за економска помош.

Кога станува збор за фирмите кои мораа да ја прекинат активноста, и подоцна повторно да почнат да работат понекогаш делумно или успорено нивниот долг порасна за 14 отсто на годишно ниво, успорувајќи малку во однос на вториот квартал кога скокот беше 18,4 отсто.

За споредба долгот на фирмите во САД максимално растеше 7,1 отсто годишно во последните години.

Американската влада потроши милиони милијарди долари од крајот на март за да им помогне на домаќинствата и фирмите да се соочат со коронакризата.

Долгот на владата скокна за 58,9 отсто во вториот квартал по растот од 11,4 отсто во првиото тримесечје. Во 2019, државниот долг порасна за 6,7 отсто