Home Вебкафе Богатите Босанци купуваат скапи автомобили и во време на коронавирус

Богатите Босанци купуваат скапи автомобили и во време на коронавирус

Токму во време на пандемија на коронавирусот, во Босна и Херцеговина, според Управата за индиректно даночење, увезени се бројни скапи автомобили.

Најскапиот автомобил во Босна го купил граѓанин на Груде, станува збор за Ферари Писта вреден 307.000 евра. Ферари 488 писта веднаш станал вистинска медиумска атракција.

Според податоците на босанската Управа за индиректно даночење, ферарито е најскапиот увезен автомобил во земјата во последите 10 години.

Граѓанинот за автомобилот без данок платил 531.985,76 KM (272.000 евра),а само за данок 90.459,68 KM (46.000 евра).

Вториот најскап автомобил е Ламбурџини Урус од околу 240.000 евра, а на третата позиција според вредноста е уште еден Ламборџини Урус вреден скоро 190.000 евра.

На четвртото место на листата на најскапи автомобили во БиХ е Бентли континентал ГГТ од 166 000 евра, а по него се неколку модели на Мерцедес .

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Ирина Шајк дебитираше на карневалот во Рио и сите ги остави без здив со својот спектакуларен костим!

Ирина Шајк, една од најпознатите и најбараните манекенки во светот, уште еднаш докажа зошт…