Бизарно барање: Од судот побара да му дозволи да биде 20 години помлад


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Емил Рателбанд е 69-годишен Холанѓанец кој со својата лична приказна и бизарно барање стана популарен во светските медиуми.

Рателбанд упатил официјално бараењ до холандскиот суд да му дозволи „да биде 20 години помлад“, со цел да му се зголемат некои можности во животот, меѓу кои како главна ја наведувал можноста за поголеми шанси во апликациите при барање партнерка, во кои сега, со неговите години, наводно бил дискриминиран.

Рателбанд на суд во Арнем изјави дека не се чувствува „удобно“ со својот датум на раѓање и својата желба да ги промени годините ја спореди со луѓето што се идентификуваат како трансродови. Тој рече дека неговата законска старост не ја одржува неговата емотивна состојба бидејќи не може да најде ни работа ни љубов, па бара датумот на раѓање да му се преправи од 11 март 1949 година на 11 март 1969 година.

„Со 69 години сум ограничен. Да имам 49, можам да купам нова куќа, да возам друг автомобил. Можам повеќе да работам. Кога сум на „Тиндер“ и кажувам дека имам 69 години, не добивам одговор. Кога би имал 49 години, со лицето што го имам, би бил во попривилегирана состојба“, изјавил тој.

Рателбанд, кој е мотивациски говорник, тврди дека и докторите му рекле дека има тело на 45-годишен маж.

Нормално, официјалните судски органи се скептични во однос на ова негово барање, не дека не сакаат да му излезат во пресрет, туку бидејќи не постои легален механизам што би можел да ѝ дозволи на една личност да го промени датумот на раѓање.