Бившиот Ф1 возач Сутил го слупа во бандера својот луксузен McLaren Senna LM од 2,25 милиони евра


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешен возач на Формула 1, Адријан Сутил, со својот луксузен примерок на McLaren Senna LM, се заби во бандера во Монте Карло. За среќа, Сутил помина без потешки повреди.

Супер автомобилот од ограјничена серија вреден околу 2,25 милиони евра, McLaren Senna LM, во портокалова боја е скоро уништен, предниот дел му е скоро целосно набиен од силината на ударот во бандера. Во светот постојат само 24 вакви автомобили.