Home Актуелно Кривична за скопјанец кој пукал со пиштол кон станот на соседите

Кривична за скопјанец кој пукал со пиштол кон станот на соседите

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе обвинение против 33-годишен скопјенец за кривично дело предизвикување општа опасност поради тоа што од двор позади зграда пукал од пиштол во стан на негови соседи.

Истовремено Обвинителството побарало и продолжување на притворот, кој веќе претходно му бил определен.

-Обвинетиот, на 24 јуни, со оп­што­о­пас­но дејс­твие предизвикал зна­чи­тел­на опас­ност за жи­во­тот и те­ло­то на тројца оштетени. Додека оштетените седеле во стан на улица „Никола Грчето” во Чаир, обвинетиот 33-годишник, инаку нивен сосед, дошол на вратата, започнал да тропа, обидувајќи се насилно да влезе. Во обидот не успеал, бидејќи вратата била заклучена, па започнал да им се заканува. Потоа тој се симнал во дворот позади зградата и од таму започнал да пука кон прозорците и фасадата на станот на оштетените. Од пиштол од непозната марка испукал осум куршуми со калибар 6,35 мм. За да не бидат повредени, оштетените се скриле во спалната соба и настанот го пријавиле во полиција, соопштија од Обвинителството.

Ценејќи дека и натаму постојат законските основи поради кои на обвинетиот првично му била определена мерка притвор, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за продолжување на притворот за ова лице.​

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…