Бившата фудбалска ѕвезда Шевченко назначен за советник на Зеленски


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Украинскиот претседател Володимир Зеленски го назначи поранешниот фудбалер Андриј Шевченко за свој советник.

Оваа вест е објавена на сајтот на претседателот на државата, а за неа пишуваат и украинските медиуми.

Во објавениот декрет не беше прецизирано каква ќе биде функцијата на легендарниот фудбалер.

Шевченко во текот на кариерата играше за Динамо Киев, Милан и за Челзи, а во 2004 година ја освои Златната топка.

Тој беше селектор на Украина од 2016 до 2021 година.