„Бионичката манекенка“: Различностите се важни – не можеме сите да сме Ким Кардашијан


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


31-годишната Ребека Марин ја имала лошата судбина да биде родена без десна рака. Но, за оваа атрактивна убавица тоа не било пречка за да си го оствари својот животен сон и да стане манекенка. На модните писти и во јавност таа постојано носи црна протетска рака.

Ребека е родена со ектродактилија, аномалија на подлактицата. Како дете, неа ѝ било тешко да сфати дека таа е само физички поразлилна од своите врсници. Како адолесцент започнала кариера во светот на модата, кога се здобила со надимакот “бионички модел”. Нејзината самодоверба во тој момент започнала брзо да расте.

A post shared by Rebekah Marine (@rebekahmarine) on

Меѓутоа, за нејзината венчавка со 32 годишниот студент на медицина Џеред Пастер, одлучила за малку поразличен изглед на својата рака. На денот на својата венчавка таа посакала да носи метална позлатена рака.

my forever. ? cred @tonyteeneto #t2sce #tonyteeneto @sceeventgroup

A post shared by Rebekah Marine (@rebekahmarine) on

После венчавката Ребека продолжила да ја носи својата златна рака, знаејќи дека луѓето и понатаму ќе вперуваат погледи кон неа. Но, вели дека тоа воопшто не и пречи. Дури вели дека ѝ било симпатично тоа што луѓето ја гледаат со стравопочит. Поради златната рака се чувствува повеќе достапна.

„Сакам луѓето да ми поставуваат прашања и на тој начин да ги едуцирам. Не можеме сите да бидеме Ким Кардашијан. Мора да ја прифатиме нашата уникатност. Многу е важно да зборуваме за разликите помеѓу сите нас”, порача Ребека.

A post shared by Rebekah Marine (@rebekahmarine) on