Home Спорт Билетите за Македонија – Израел по цена од 150 денари

Билетите за Македонија – Израел по цена од 150 денари

Фудбалската федерација на Македонија денеска официјално објави дека влезниците за натпреварот од квалификациите за пласман на Европското првенство 2020 година против Израел се пуштени во продажба.

Федерацијата повторно се одлучи за популарна цена, па фановите ќе можат да го гледаат натпреварот за само 150 денари.

Последниот квалификациски натпревар од овој циклус избраниците на селекторот Игор Ангеловски ќе го играат на 19 ноември со почеток од 20.45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…