„Бетонот“ распука: МНР и објасни на Грција дека „македонско“ не значи етничка припадност


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


И покрај тоа што пред референдумот за промена на уставното име, властите уверуваа дека „ги забетонирале македонскиот јазик и идентитет“, вчера нашето МНР испрати допис до грчките власти каде што потенцираат дека терминот „македонски“ не се однесува на националност, односно етничка припадност, туку на државјанство, со тоа потврдувајќи дека всушност со договорот од Преспа, не сме се избориле за буквално ништо!

Министерството за надворешни работи на Македонија испрати допис од шест страни до грчката Владата во кој официјално ја информира дека се исполнети обврските од Преспанскиот договор и дека се донесени уставните измени со кои се менува и уставното име на државата.

Пимото потпишано од министерот Никола Димитров што вчера беше испратено за да се информира грчката страна дека во Република Македонија се исполнети внатрешно правните услови за влегување во сила на Конечната спогодба потврдува дека ознаките Македонско, македонски, „macedonian“ не се за етничка или национална припадност туку само за државјанство.


Македонија со писмото до грчката страна се согласила означувањето за „nationality“ во кое ќе стои „macedonian/citizen of North Macedonia“ согласно Преспанскиот договор да се однесува исклучиво на државјанство, а не на националност или етничка припадност.

Во документот кој го лиферуваат грчките извори јасно се гледа дека македонската влада се откажува од „македонски“ како припадност на нација.


„Соседите освен што известуваат, имаат и толкувачка изјава“, рече Ципрас посочувајќи на дел од дописот кој дава објаснувања за македонското државјанство.

Македонското Министерство за надворешни работи во дописот наведува дека македонскиот јазик е признат како официјален на конгрес на ОН во Атина во 1977, со тоа потврдувајќи дека со Преспанскиот договор всушност не сме се избориле за буквално ништо.

Македонската влада тврдеше дека со договорот се бетонира македонскиот национален идентитет.