Беше пред потпис во Ливерпул, сега ќе заврши на „Олд Трафорд“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Францускиот репрезентативец и играч на Лион, Набил Фекир беше прес трансфер во Ливерпул, дури и ги помина медицинските прегледи, но трансферот пропадна во последен момент.

Фекир беше на чекор од трансфер во Ливерпул за 53 милиони фунти, договори петгодишна соработка вредна 140.000 фунти неделно, но во последен момент „црвените“ сакаа да ја намалат цената, па трансферот пропадна.

Последните информации од Островот се дека Фекир од следната сезона најверојатно ќе игра во Премиер лигата, но не во Ливерпул, туку во дресот на најголемиот ривал.

Имено, Жозе Мурињо е сериозно заинтересиран за францускиот офанзивец и за трансферот веќе разговарал со претседателот на Лион, Жан Мишел Ола.

„Имав долг разговор со Мурињо пред неколку дена. Лично, повеќе не преговарам со Ливерпул. Јас дадов зелено светло за трансфер, меѓутоа целиот тој процес траеше премногу долго. Моментално навиваме за Франција и Набил да имаат одлично Светско првенство“, изјави Ола.

Досега на „Олд Трафорд“ пристигнаа десниот бек Диого Далот, како и бразилскиот играч за врска Фред, за околу 70 милиони фунти.

Фекир постигна 23 погодоци минатата сезона во дресот на Лион, а во Ливерпул го гледаа како идеален наследник на Филипе Кутињо.