Беше министер во авганистанската влада – денес работи како доставувач со велосипед во Германија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сајед Садат беше министер за комуникации во авганистанската влада, па минатиот септември одлучил да се пресели во Германија во потрага по подобра иднина. Сега работи доставувач со велосипед во Лајпциг.

Тој признава дека некои негови блиски луѓе го критикувале дека се нафатил на таква работа откако две години работел во владата. Но, за него, вели тој, работата е работа. Тој поднел оставка на функцијата министер во 2018 година.

„Немам за што да се чувствувам виновен“, рече 49-годишникот, стоејќи во портокалова униформа покрај велосипед, пренесува Ројтерс.

„Се надевам дека и другите политичари ќе го следат истиот пат, ќе работат со јавноста и не само ќе се кријат“, заклучил тој. Неговата приказна стана особено истакната по хаосот што се создаде во Авганистан по преземањето на Талибанците.

Неговото семејство и пријателите исто така сакаат да ја напуштат земјата. Тие се надеваат дека ќе им се придружат на илјадниците други на летовите за евакуација или ќе се обидат да најдат други правци.

Садат се борел да најде работа во Германија што ќе одговара на неговото претходно искуство. Со дипломи за информатика и телекомуникации, Садат се надевал дека ќе најде работа во сродна област. Но, без познавање на германскиот, вели тој, неговите шанси биле мали.

„Јазикот е најважниот дел“, вели Садат, кој има и британско државјанство. Учи германски четири часа секој ден во училиште за јазици, а потоа започнува шестчасовната смена со доставување оброци.

„Првите денови беа возбудливи, но тешки“, рече тој, опишувајќи го предизвикот да научиш да возиш велосипед во градскиот сообраќај.

„Колку повеќе излегувате и колку повеќе среќавате луѓе, толку повеќе учите“, рече тој.