Home Шоубизнис Бензема на церемонијата за „Златната топка“ дојде со сопругата и девојката

Бензема на церемонијата за „Златната топка“ дојде со сопругата и девојката

Фудбалскиот ас Карим Бензема беше ѕвездата на вечерта на синоќешната церемонија во Париз каде што се избираа најдобрите според „Франс Фудбал“.

Меѓутоа Французинот не се најде во центарот на вниманието само поради освојувањето на наградата, туку и поради тоа што на церемонијата се појави со две убавици.

Со Бензема во Париз се појави неговиот син Ибрахим кого го донесе неговата сопруга Кора Галутие, меѓутоа на изненадувањ ена сите таму се најде и девојката на фудбалерот Џордана Озуна.

Во прашање е преубава манекенка со која Бензема беше фотографиран како ужива на јахта. Французинот со Кора е во брак со години и има две деца, досега во јавноста ниту таа, ниту тој не се огласија во врска со Озуна.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

„The Lowdown“ Сезона 2: Време на премиера, како да гледате без кабел и распоред на епизоди

Итан Хок се враќа за втората сезона на „The Lowdown“, а гледачите можат да започнат со две…