Клаус „шишето“ – култниот лик кој му подава шишиња на легендарниот маратонец Кипчоге на Берлинскиот маратон 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Човекот со мисија, легендарниот Клаус познат како Клаус „шишето“ (Bottle Claus), позитивниот лик кој му подава шишиња на легендарниот маратонец и светски рекордер Елиуд Кипчоге.

Клаус му подаваше шишиња со освежителни пијалоци на Кипчоге во 2018 година, кога првпат постави нов светски рекорд во маратонската должина. Секако, беше на терен и оваа година. Јакото е што оваа година имаше чест и лично тој да го собере од аеродром Кипчоге кога маратонецот пристигна во Берлин. Погледнете го епското видео.