Home Актуелно Белгискиот премиер нема време за Трамп – еве зошто официјално не го пречека на аеродром

Белгискиот премиер нема време за Трамп – еве зошто официјално не го пречека на аеродром

Кога е во прашање премиерот на Белгија, Шарл Мишел, полуфиналето на белгиската фудбалска репрезентација е поинтересно и поприоритетно дури и од човекот кој моментално е на најмоќната политичка позиција во светот – претседателот на САД Доналд Трамп.

Белгиското раководство синоќа го гледаше натпреварот помеѓу Белгија и Франција на Светскиот фудбалски шампионат и ниту еден од високите функционери на Белгија не отиде на аеродром да го пречека Доналд Трамп.

Трамп и Меланија вчера вечер пристигна во Брисел околу 21 часот, а таму ги пречекаа американските амбасадори во ЕУ, НАТО и Белгија. Ни трага од белгиското раководство или кралот.

Премиерот Шарл Мишел замина во еден град во белгиската провинција да го гледа натпреварот, а кралот Филип отиде во Русија во Санк Петерсбург да биде во публиката. И министерот за надворешни работи е во Русија за да ја претставува белгиската федерална Влада во оваа земја.

Така, од белгиска страна на аеродромот беше шефицата на белгискиот протокол амбасадорката Франсоаз Густин.

Според белгиските медиуми, ова е вообичаена процедура. Во Белгија многу често доаѓаат високи лидери па белгиското раководство би требало своето време да го минува на аеродром. Оттука, нема посебен третман ни за Трамп.

Сепак, минатиот мај, при првата посета на Трамп во Брисел за инаугурација на новата зграда на НАТО, тој беше пречекан од премиерот Мишел и неговата сопруга. Потоа беше примен кај кралот Филип.

Но минатата година немаше вака значаен фудбалски натпревар со Белгија во главната улога.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…