Белешка во дневник на СС офицер предизвика златна треска во Полска – дали под оваа палата се крие 28 тони нацистичко злато?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Истражувачите од полско-германската Фондација „Шлески мост“, тврдат дека во дневникот од еден СС офицер, за кој велат дека го добиле од масонска ложа, се споменува дека богатство од 28 тони нацистичко злато било закопано во темелите од една палата во Полска во последните денови на Втората светска војна заедно со труповите на неколку сведоци.

Според Фондацијата, резервите на златни шипки, накит и монети лежат на дното на разрушено бунарско окно во темелите на палата „Хохберг“, во близина на градот Вроцлав, пишува „Дејли мејл“.

Ако тврдењето е точно, богатството би можело да вреди 1,25 милијарда фунти според денешните цени.

Роман Фурманјак, претседател на Фондацијата што ја пронајде локацијата, тврди дека дневникот го напишал СС-офицерот Егон Оленхауер, кој бил врската помеѓу СС-полицајците што криеле богатство и богати членови на СС и нивните семејства што поседувале скапоцености.

Се верува дека Хитлер наредил криење на 260 камиони натоварени со скапоцености во регионот на Шлезија за време на Втората светска војна.

Според Фурманјак, дневникот со децении бил кај 1.100 години старата масонска ложа пред да ѝ биде предаден на Фондацијата пред 10 години.

Тој рече дека деталите можеле да се објават дури минатата година кога сите оние што се поврзани со настаните од дневникот починале, а сега, со излегувањето во јавноста, тој се обидува да ја натера владата да дозволи ископување.