Беланова од Милан се сликаше со Роналдо – Киелини угул гол во позадина


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


После големото дерби меѓу Милан и Јувентус кое „Старата дама“ го доби со 0:2, еден од најталентираните играчи од редовите на Милан, Раоул Беланова, се фотографираше со (очигледно неговиот фудбалски идол) Кристиано Роналдо.

Беланова после натпреварот успеал да стигне до соблекувалната на Јувентус каде што се сликаше со Кристиано Роналдо и таа фотографија немаше да привлече толкава внимание доколку во позадина не беше Киелини кој угул гол се рашетуваше низ соблекувалната.

Поради овој детал, фотката стана вистински хит на социјалните мрежи.

Младиот Беланова, на крајот, почувствува потреба и да се извини: „Навистина ми е жал што оваа фотка заврши на социјалните мрежи. Му се извинувам на Киелини, бидејќи јас немав таква намера. Само сакав да се фотографирам со големиот играч. Ништо не објавив на социјалните мрежи, ниту би го направил тоа после пораз. На фотката се смеам бидејќи ми се оствари сонот. Направив една грешка поради која ми е жал – ја споделив фотката со моите пријатели кои ја објавија на социјалните мрежи, а не ме прашаа за дозвола“, напиша Беланова на Инстаграм.