Home Спорт Бекам има големи амбиции: Сака да го донесе Меси во САД

Бекам има големи амбиции: Сака да го донесе Меси во САД

Сопственикот на новиот тим од МЛС лигата, Интер Мајами, Дејвид Бекам сака да ја донесе суперѕвездата Лионел Меси задебитантската сезона на тимот.

Новиот клуб од Флорида ќе дебитира во елитната американска фудбалска лига во 2020 година. Бекам, кој е сопственик на клубот смета може да му понуди примамливи услови на Лео Меси.

Аргентинецот има договор со Барселона на уште три сезони, а за почетокот на сезоната 2020.21 во МЛС тој ќе има полни 33 години.

Околу 70% од населението на Флорида е составено од јужноамериканци, кое може да биде плус при евентуалните преговори.

Бекам има големи амбиции со клубот и сака да донесе една голема ѕвезда за дебитантската сезона, а прва мета е токму Меси.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…